12.08.2024
Мерките на Владата за топлотниот бран ќе траат три дена од понеделник до среда
Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните и работодавачите дека врз основа на заклучок на Владата на Република Северна Македонија, а поради најавениот интензитет и траење на топлотниот бран, деновите понеделник, вторник, и среда односно од 12.08.2024 до 14.08.2024 година важат мерките за превенција, и тоа:
1. Oслободување од работни обврски за најранливите групи на на селениението: бремените жени и лица на возраст над 60 години. Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
2. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.
3. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
4. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомни лица.