25.07.2022

Министерката Тренчевска на студиска посета во  Република Полска

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска од денес до петок ќе престојува во Република Полска на студиска посета организирана од проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на социјалните претпријатија“.

Министерката ќе посети повеќе социјални претпријатија меѓу кои и „Барка“ како и нивниот центар за поддршка на социјалните претпријатија во Република Полска.  Тренчевска ќе одржи средби со повеќе градоначалници на општини каде што има социјални претпријатија, но од особена важност е средбата со Министерката за семејство и социјална политика на Република Полска, Марлена Малаг. 

Презентацијата на полскиот систем на социјална економија – законската рамка, мерките, политиките и финансиските инструменти ќе придонесат за стекнување на повеќе искуства, особено значајни во овој период во кој во нашата земја се подготвува Законот за социјални претпријатија.

Проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ е имплементиран од Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика. На студиската посета ќе бидат присутни претставници на повеќе институции.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }