13.02.2025

Министерот Лимани ги посети корисниците на Македонско Монтесори Здружение-потпишан Управен  договор за социјална услуга и доставени хуманитарни пакети

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска го посети центарот за дневен престој за лица со попреченост-Македонско Монтесори Здружение во Скопје, кое е лиценциран давател на социјалната услуга во заедницата-центар за дневен престој за лица со попреченост со индивидуална работа од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Со потпишувањето на управниот договор, за договорните страни, Министерството, Општина Карпош и Монтесори произлегуваат обврски, чие исполнување  има за цел добивање на социјална услуга во заедницата од која придобивка имаат граѓаните на кои им е потребна. 

Министерството преку надлежниот центар за социјална работа ги надоместува трошоците по корисник, а Монтесори има обврска за испорака на услугата кон корисниците и за истата да подготвува месечен извештај за реализираното до општината и центарот. Монтесори како лиценциран давател на услугата, истата ја испорачува до 25 корисници.

На денешната посета беа доставени и хуманитарни пакети за корисниците на Монтесори, кои министерството ги доделува со поддршка на организацијата АДРА.

Грижата за лицата со попреченост останува приоритет во работењето на министерството. Сите граѓани подеднакво се важни и сите имаат право на поддршка од надлежните институции согласно нивните потреби.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }