12.12.2024

Министерот Лимани ја прими делегацијата на Словенија предводена од министерот Месец

Министерот и Заменик министерот на социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и Ѓоко Велковски денеска ја примија делегацијата предводена од Министерот за труд, семејство, социјални прашања и еднакви можности на Република Словенија, Лука Месец, Амбасадорот на Словенија во Северна Македонија, Грегор Прескер, Мојца Пршина, генерален директор за пазар на труд и вработување на Словенија и Уршка Липовж, советник на министерот.

На средбата двете страни изразија задоволство од досегашната соработка која што години наназад се одржува на високо ниво. Двете земји одлично соработуваат во многу области, а на средбата акцентот беше ставен на областите кои ги покриваат, особено соработката во областа на социјалното осигурување, вработување, образование, социјалното претприемништво и друго.

 

Соговорниците зборуваа за размената на студенти, со оглед на големиот број на студенти од Македонија кои студираат во Словенија, како и наши државјани кои работат во Словенија , но и обратно. Разговорите беа во насока на унапредување на легислативата за побрз и поедноставен проток на луѓе државјани на двете држави.

 

Стана збор за состојбата со демографијата и младите како предизвици со кои се соочуваат не само држави како нашата, туку и Европа, но и светот. Притоа, се стави акцент на преземање на сериозни чекори преку политики кои ќе им понудат можности на младите да останат во својата држава, но и можности за враќање на оние кои заминале.

Соговорниците потврдија дека Словенија и Македонија се пријателски држави и држави кои пред три децении беа една држава и оттука и сличностите во културата и меѓусебното разбирање. 

Двете страни на крајот на средбата изразија големо задоволство и заложба за зајакнување на досегашната соработка и поддршка.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }