21.10.2024

Министерот Лимани на дводневна посета во Женева на Регионален состанок - Пекинг +30 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир  Лимани од денеска е во дводневна посета на Женева, заради учество на Регионалниот состанок за следење на напредокот на Пекингшката декларација и Платформа за акција за родова еднаквост (Пекинг +30).

Министерот Лимани во своето обраќање ќе зборува за досегашното спроведување на Пекингшката  декларација за родова  еднаквост и заложбите на земјата за наредниот пет годишен  период.

На Регионалниот состанок во Женева, учествуваат земјите потписнички на Декларацијата од Европа и дел од Азија, а претходи на главниот настан кој ќе се одржи 2025 година, во Генералното собрание во Њујорк, кога се одбележуваат 30 години од усвојувањето на Пекингшката декларација и платформа за акција.

Во делегацијата која ја предводи министерот Лимани се Посебниот советник на министерот и шеф на Кабинет, Флутра Калиси и претставници од Министерството за социјална политика, демографија и млади од секторот Еднакви можности, Министерството за надворешни работи, на Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ) и на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }