02.10.2024

Министерот Лимани на средба со претставници на МАПАС 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска се сретна со претставници на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување-МАПАС.

На средбата, покрај за досегашното функционирање и соработка на Министерството и МАПАС, се разговараше и за унапредување на можностите за оплодување на средствата кои се вложуваат во вториот пензиски столб преку мултифондови насочени кон државите со брзорастечки економии.

Од страна на претставниците на МАПАС беше истакнато дека мултифондовите играат важна улога во пензиското планирање и инвестирање. Тие се често користени во рамките на пензиските шеми, бидејќи нудат диверзификација и можност за оптимизирање на враќањата преку различни класи на имот. Затоа што, инвестирањето во различни средства помага да се намали ризикот.

Министерот Лимани предложи соработката со МАПАС по однос на ова прашање да продолжи и на техничко ниво, со цел да се навлезе подлабоко во темата, а со цел да се дојде до заедничко најодржливо решение кое ќе биде во корист на граѓаните односно осигурениците.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }