18.10.2024

Министерот Лимани на средба со Заменик-извршната директорка на UN Women, Гумбонзванда 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани заедно со претставници на министерството од Секторот за еднакви можности, остварија средба со Заменик-извршната директорка на UN Women, Нјарадзаи Гумбонзванда, регионалната директорка за Европа и Азија на UN Women, Белен Санз и регионалната директорка на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија, Весна Ивановиќ Кастаред.

На средбата соговорниците разговараа за клучните теми за кои се залага Агенцијата на ООН-UN Women, а истите се под надлежност на Министерството за социјална политика, демографија и млади- родовата еднаквост, заштитата и спречување од дискриминација и насилство во сите негови форми вклучително и семејното насилство.

Министерот Лимани посочи дека Република Северна Македонија има значаен напредок за овие прашања, а потврда за тоа се  ратификацијата на сите значајни меѓународни документи за правата на жените и како такви тие се транспонирани во националното законодавство и се одразуваат во државните политики. 

Од страна на министерот беше посочено дека заложбите и реализацијата на истите ќе продолжат и понатаму, преку носење на стратешки документи, програми и мерки за унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на жените особено во областите на заштита од дискриминација, насилство врз жените и родово базирано насилство, економското зајакнување и родово одговорното буџетирање, здравствената заштита и пристапот до сексуално и репродуктивно здравје, со посебно внимание кон маргинализираните и ранливи групи жени.

Соговорниците искажаа подготвеност за продолжување на одличната соработка и интезивирање на понатамошната работа на прашањата кои се од клучно значење за квалитетот на живот пред се на девојчињата и жените во општеството како ранлива категорија.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }