14.03.2022

МТСП: Директорката на градинката „Детска Радост“- О.Гази Баба е вратена на работа

Во врска со случајот за разрешување на директорката на градинката ,,Детска Радост“- Општина Гази Баба, Ве информираме дека постапувајќи по Укажување на Министерството за постоење материјални и процедурални недостатоци во работата на органите на општината, Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, ја врати на работа директорката Анета Петреска. 

Односно ја поништи претходно донесената одлука за разрешување на директорот на установата и го поништи решението за имненување на вршител на должноста директор на установата.

Министерството за труд и социјална политика продолжува да се залага за заштита и почитување на законите и доследно применување на принципот на владеење на правото.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }