02.05.2024
МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец април 2024 година.
![](content/images/2019/LOGO/mtsp_logoo_content1.png)
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 02 мај 2024 година.