14.12.2024
Нови просторни услови за најмладите во Карбинци
Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, го означија почетокот на доградбата на постоечкиот објект на детската градинка „Кокичиња“ во општина Карбинци.
Со доградбата на објектот, капацитетот двојно ќе се зголеми, односно од сегашните 50 деца, ќе згрижува 100 деца. Со ова проширување, ќе се отворат можности за згрижување и воспитание на уште повеќе деца од Карбинци и околината, во современи и безбедни услови.
Вкупна вредност на проектот со ДДВ е 19.370.973,00 денари, од кои од Министерство за социјална политика, демографија и млади се обезбедени 13.936.897,00 денари, додека пак од Општина Карбинци се обезбедени 5.091.957,00 денари. Работите се очекуваат да завршат наредната година и следната учебна година просториите да бидат ставени во функција.
“Со оваа инвестиција создаваме не само нов простор, туку и подобра иднина. Овозможуваме место каде што децата ќе растат во средина што ги поттикнува да учат, да создаваат и да сонуваат”, рече Велковски.
“Посветени сме да изградиме општество каде што секое дете има еднакви можности за образование и грижа. Заедно градиме основа за силна и светла иднина!”, потенцираше Велковски.