08.05.2025
Одржана втората седница на Националното координативно тело за следење на состојбите со недискриминација и реализацијата на законите, подзаконските акти и стратешки документи во оваа област
Националното координативно тело за следење на состојбите со недискриминација и реализацијата на законите, подзаконските акти и стратешки документи во оваа област, чиј координатор е министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денеска ја одржа втората седница.

Министерот во своето воведно обраќање до присутните членови ја истакна важноста на координацијата за спречување и заштита од дискриминација затоа што, како што нагласи, дискриминацијата е сложен и чувствителен проблем кој не може да се реши од една институција или сектор самостојно, па оттука и значењето на одржувањето на континуитет на овие состаноци.

Согласно дневниот ред, на оваа седница имаше шест точки и по усвојување на истиот се премина на усвојување на записникот од конститутивната седница, на Деловникот за работа, пота на усвојување на Годишен извештај за 2024 година за спроведување на акцискиот план на националната стратегијата за еднаквост и недискриминација 2022-2026 и усвојување на Годишен извештај за 2023 година за спроведување на акцискиот план на националната стратегијата за еднаквост и недискриминација 2022-2026.
Притоа беше заклучено дека усвојувањето на овие два извештаја ќе дадат еден компаративен преглед за посочениот временски период но и насоки за новиот Акциски план чија подготовка е во тек. Истите беа усвоени од членовите на телото и истите треба да бидат доставени до Владата на Република Северна Македонија на нивно запознавање.
Членовите на телото беа информирани дека во завршна фаза е Подготовката на Националниот акциски план за еднаквост и недискриминација 2025-2026 година. Во негова подготовка учествуваа сите, вклучително и консултант од Совет на Европа. Истиот треба да се финализира и достави до Владата на усвојување со што ќе стане документ кој треба да го спроведуваат сите надлежни институции преку годишни Оперативни планови.