Покана - јавна дискусија за Стратегија за Социјални Претпријатија

 

Почитувани, Министерството за труд и социјална политика ја поканува заинтересираната јавност на јавна дискусија за нацрт- верзијата на првата Национална стратегија за социјалните претпријатија, што ќе се одржи на 18.11.2020 година (среда), со почеток во 10:00 часот. Поради состојбата со Ковид-19 и предвидените мерки за заштита, дискусијата ќе се одвива онлајн, на платформата ЗУМ.

За настанот може да се регистрирате следејќи го следниот линк: https://us02web.zoom.us/meeting/register/tZIqcumvqzgiE9T36b4WrvNCRE_GJQyafhVu

По извршената регистрација, ќе добиете потврден е-меил кој што ќе содржи информации како да се вклучите во јавната дискусија.

Нацрт-стратегијата е подготвена со целосна вклученост на сите засегнати страни, во процес кој траеше 12 месеци, и  кој истовремено значеше и зајакнување на капацитетите на  сите вклучени учесници. Во процесот на подготовка беа организирани 10 работни групи, беа одржани над 50 индивидуални состаноци и консултации, организиран  завршен настан со присуство на над 60 учесници од екосистемот, Во овој период се имплементираше широк консултативен, партиципативен и едукативен процес кој резултираше со изработка на нацрт финалната верзија на Стратегијата за социјални претпријатија и  тригодишен Акциски план за имплементација, кои се  предмет на оваа јавна дискусија.

Нацрт-финалната Национална стратегија за развој на социјалните претпријатија ги дефинира основните цели и активности за периодот 2021-2024 година, со цел да се создаде правна, финансиска и институционална рамка за развој на социјалните претпријатија во Република Северна Македонија. Целта на стратегијата е развој на одржлив еко-систем кој ќе допринесе во поттик, препознавање, поддршка и развој и за социјалните претпријатија во земјава. Таа предвидува мерки и активности кои се групирани во четири стратешки приоритети:

1) Креирање на кулутура на социјално претприемаштво;

2) Развој на капацитетите на социјалните претпријатија и на учесниците во еко-системот;

3) Развој на пазари за социјалните претпријатија и

4) Градење на финансиски еко-систем за социјалните претпријатија.

 

Агенда

Стратегијата за социјални претпријатија (MK верзија)

Акциски план за имплементација (МК верзија)

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->