19.06.2024

Портокалова фаза на територијата на Република Северна Македонија

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст на РСМ да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат.

Имено, Владата на вчерашната седница ги усвои препораките од Министерството за здравство за високите температури-портокалова фаза, кои се очекува да ја зафатат територијата на Република Северна Македонија, а согласно податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, дека во следните денови целата територија на Република Северна Македонија ќе биде зафатена од топлотен бран (портокалова фаза), ги донесе следните заклучоци, кои ќе важат во период од 19.06.2024 (среда) до 23.06.2024 (недела): 

1. Да се ослободат од работните обврски на најранливите групи население, поточно: бремените жени и лицата на возраст над 60 години;

2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

3. Единицата на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош од осамени, стари лица и бездомни лица;

4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }