17.11.2025
Поставен камен-темелник за изградба на нова детска градинка во Општина Гази Баба
Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денес го поставија камен-темелникот за изградба на нова детска градинка на потегот помеѓу Маџари и Керамидница, во Општина Гази Баба.

Новиот објект ќе се простира на површина од 1.360 м² и ќе располага со вкупно 10 занимални – две јаслени групи и осум занимални за деца на возраст од 2 до 6 години. Градинката ќе биде изградена на приземје и еден кат, со капацитет за згрижување на 150 деца.

Вредноста на проектот изнесува 147 милиони денари, средства обезбедени преку вториот повик на Владата во рамките на Програмата АА.