Објавено на: 09.05.2022

Министерството за труд и социјална политика објавува

ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ФИНАНСИСКА НАГРАДА

во рамките на проектот “Подобрување на условите за работа” финансиран од Европската Унија (ЕУ), а спроведуван од страна на Архидата од Милано.

 

Министерството за труд и социјална политика преку ИПА проектот “Подобрување на условите за работа” финансиран од ЕУ, ги повикува заинтересираните бизниси (микро, мали, средни и големи) кои се заложуваат за унапредување на родовата еднаквост, да достават апликации за финансиска награда за примена на флексибилни работни аранжмани и усогласување на работата и семејниот живот.

Наградата ќе биде доделена на најмногу 6 компании од приватниот сектор кои имаат заложба и сакаат да ги подобрат работните услови за жените и вработените со родителски обврски со цел усогласување на професионалниот со семејниот живот преку промовирање на флексибилни работни аранжмани и други мерки за рамнотежа меѓу семејството и работата, вклучително и стимулирање на компаниите за обезбедување поддршка за вработените родители, како на пример, поддршка за згрижување на децата.

Општи правила за аплицирање

Заинтересираните бизниси треба:

  • да го пополнат формуларот за апликација на следниот линк https://ee.humanitarianresponse.info/S2P74bZD
  • да изберат барем една мерка од Каталогот на мерки наведени во формуларот за апликација
  • да се обврзат да ја спроведат вклучително и со ко-финансирање/инвестирање во спроведувањето и 
  • да потпишат договор со кој ќе се регулира процесот на собирање податоци, анализа и промоција на резултатите.

За успешна реализација, избраните апликанти ќе добијат финансиска награда во вредност до 2.000 евра, менторска поддршка за спроведување на одбраната мерка, како и значка за родово еднаков работодавач.

Заинтересираните бизниси можат да се пријават најдоцна до 27.05.2022 година по електронски пат, со пополнување на следниот формулар за апликација https://ee.humanitarianresponse.info/S2P74bZD 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }