23.07.2024
Презентирана новата предлог формула за распределба на блок дотации на детските градинки
Во Министерството за социјална политика, демографија и млади денеска беше презентирана новата предлог формула за распределба на блок дотации на детските градинки.
![](content/images/2024/juli/sostanok_1.jpg)
Оваа формула треба да придонесе за поправедно и потранспарентно доделување на средства кон општините наменети за детските градинки.
![](content/images/2024/juli/sostanok_2.jpg)
Од страна на експертите од Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, со поддршка на Светска Банка и со вклученост на претставници на Mинистерството за социјална политика, демографија и млади, претходно беа одржани неколку работилници на кои се работеше на креирање на новата предлог формула и систем на финансирање заснован на јасно утврдени стандарди. За изработката на оваа формула се земаат предвид одредени параметри кои јасно укажуваат на реалните трошоци на детските градинки.
![](content/images/2024/juli/sostanok_3.png)
Секое дете заслужува квалитетно предучилишно воспитание, образование и грижа!