Врз основа на член 9, 16, 17 и 18 од Законот за заштита на личните податоци и одредбите од Правилникот за безбедност на обработка на личните податоци и Права на субјектите на личните податоци бр.03-609/2 од 05.03.2021 година, донесена од министерот за труд и социјална политика,  Министерството за труд и социјална политика, како контролор на збирки на лични податоци, при електронската комуникација и користењето на услугите кои ги нуди, согласно своите надлежности е должен да ги информира субјектите на личните податоци за нивните права. Имајќи го во предвид горенаведеното, министерот за труд и социјална политика ја донесе следната:


ПРОЦЕДУРА ЗА ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Цел на оваа Процедура е да даде општи информации за собирањето/обработката на личните податоци кога ги посетувате http://registarnapedofili.mk и https://www.mtsp.gov.mk и/или користите некоја од нашите административни услуги. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.

На веб-страните http://registarnapedofili.mk и https://www.mtsp.gov.mk, можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

-Посетители на нашата интернет страна https://www.mtsp.gov.mk и https://www.mtsp.gov.mk. Вообичаено собираме податоци за навигација, кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна.

 -Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Категории на податоци кои се обработуваат

1.Податоци за навигација

При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

Вашата интернет протокол (IP) адреса;

Уредот од кој пристапувате, вид и модел;

Вашиот оперативен систем;

Видот на пребарувачот, plugins и верзија;

Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;

URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на Министерството за труд и социјална политика;

Јазикот на пребарувачот кој го користите;• Држава (се одредува преку IP адресата).

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад. 

Одржувањето на серверите и сите активност на веб-страната https://www.mtsp.gov.mk се спроведуваат преку трета страна, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб-страна.Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната http://registarnapedofili.mk ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб-страна.

Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваатЛичните податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите надлежности утврдени согласно со закон.

Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, email.

Како  ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

• преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање; 

 Категориите на корисници на лични податоци

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:

• во случај на ангажирање на даватели на услуги ако Министерството за труд и социјална политика ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на Министерството за труд и социјална заштита и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.

• По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на Министерството за труд и социјална политика.

Правата на субјектите на личните податоци во однос на обработката на лични податоци се:

право да бидете информирани за обработката на личните податоци

право на пристап до личните податоци

право на исправка и бришење на личните податоци

право на ограничување на обработката на личните податоци

право на приговор

Министерството за труд и социјална политка како контролор на збирки на лични податоци на субјектите на лични податоци (во понатамошниот текст:контролор) им го овозможува правото да бараат пристап до податоците. Барањето за пристап до податоците мора да се достави во писмена форма и да содржи дополнителни податоци и информации, кои се неопходни за да се лоцираат бараните податоци.Контролорот има обврска да им одговори на субјектите во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето, при што нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на конкретен субјект, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале шест месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.

Субјектите на личните податоци од контролорот може да бараат дополнување, измена, бришење на личните податоци или запирање на обработката на податоцитеНа барање на субјектите, контролорот е должен да ги дополни, измени, избрише личните податоци или да ја запре обработката на податоци, ако се нецелосни, неточни или неажурирани односно доколку нивната обработка не е во согласност со закон.Независно од тоа дали субјектот има поднесено вакво барање, доколку контролорот утврди дека личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, должен е истите да ги дополни, измени или избрише.

Контролорот е должен најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето, писмено да го извести субјектот за направените дополнувања, измени или бришења.Заради постигнување баланс меѓу правото на приватност и важноста на државниот или јавниот интерес или општествената потреба може да се ограничат правата на субјектите на личните податоци. Со ЗЗЛП точно е утврдено дека овие права можат да се ограничат поради: заштита на безбедноста и одбраната на државата; откривање и гонење на сторители на кривични дела; заштита од повреда на етички правила на одредена професија; заштита на важни економски или финансиски интереси на државата и заштита на правата и слободите на субјектот или правата на другите физички лица. 

Контролор на зибрки на лични податоци: Министерство за труд и социјална политика, со седиште на ул.Даме Груев бр.14, 1000 Скопје.

Офицер за заштита на лични податоци:Љубица Панова, Раководител на одделение за правни и нормативни работи 

e-mail: ljubica.panova@mtsp.gov.mk тел: 02 3106 220 

Образец за пристап и исправка на лични податоци

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }