06.08.2025
Продолжување на рокот за финансиска поддршка на здруженија и фондации
Во врска со објавениот Јавен повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации со бр.08-5725/3 од 04.08.2025 год, Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека рокот за аплицирање е продолжен до 02.09.2025 година, односно 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.
Министерството работеше интензивно на подготовка за спроведување на програмата и распределба на средства со цел навремено да им овозможи на младинските организации пристап до финансиска поддршка и имплементација на значајни проекти до крајот на годината.
Свесни сме за важноста на транспарентноста и инклузивноста во процесот, и затоа остануваме отворени за комуникација со сите заинтересирани страни. Овој повик е само еден дел од нашите активности, а во текот на есента ќе следуваат дополнителни повици и можности за вклучување на младинските организации во креирањето и имплементацијата на младинските политики.
Ги охрабруваме сите организации да аплицираат во предвидениот рок, а за сите прашања и поддршка, стоиме на располагање преку нашите официјални канали.