05.09.2025
Сабриу од Меѓународната конференција за рана интервенција во Лисабон: Моделот што го изградивме обезбедува секое дете да има еднакви можности за развој и целосна интеграција
Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу учествуваше на Меѓународна конференција за рана интервенција во Лисабон, каде што го презентираше системот за рана интервенција за децата во Република Северна Македонија.
Оваа престижна платформа овозможи да се сподели искуство и напредокот во оваа област со експерти од целиот свет.

Државниот секретар искажа големо задоволство од посветената работа на тимот и на континуираниот ангажман на Министерството за социјална политика, млади и демографија. Акцентот беше ставен на моделот кој е изграден со цел да обезбеди секое дете да има еднакви можности за развој и целосна интеграција.

Размената на знаења и меѓународната соработка се од суштинско значење за унапредување на нашите политики и за градење на поинклузивно општество.
Сабриу изрази посебна благодарност до УНИЦЕФ за постојаната поддршка и посветеност во оваа насока, како и на организаторите за оваа можност.