24.04.2025

Сабриу: Родовата еднаквост не е само идеал – таа е неопходност, затоа што сите луѓе заслужуваат еднаква шанса

Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу учествуваше на завршниот настан на Проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, кој го спроведува ХЕРА со поддршка од Британска амбасада Скопје.

Настанот беше организиран под мотото – Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост - наша заедничка мисија.

Во своето обраќање пред присутните државниот секретар Сабриу изрази поддршка за проектите како овој кои имаат за цел  подигање на свеста за значењето на родовата еднаквост значајна за секоја заедница. Истовремено ги потврди и заложбите на министерството за креирање на родово инклузивни политики од чие имплементирање, како што рече, зависи и напредокот на едно општество.

„Родовата еднаквост не е само идеал – таа е неопходност. Живееме во време кога повеќе од кога било се зборува за правда, слобода и човекови права. Но, тие зборови остануваат празни ако не ги вградиме во конкретни, реални политики – и ако тие политики не ги опфатат сите. Зборуваме за родово инклузивни политики – политики што не гледаат само низ машка или женска перспектива, туку низ човечка перспектива,“ истакна Сабриу.

Тој потенцираше дека сите луѓе заслужуваат еднаква шанса – без разлика дали се жени, мажи, без разлика на нивниот статус или родов идентитет. Притоа додаде дека само со прифаќањето на различностите и овозможување на шанса за секој, базирајќи се на критериуми како професионалност, компетентност, одговорност, трудољубивост и слично, можеме сите заедно многу повеќе да направиме за напредокот на нашата држава, а со тоа и за нас самите. 

Сабриу се осврна и на поврзаноста меѓу родовата еднаквост и економскиот развој.

„Кога жените и маргинализираните групи имаат еднаков пристап до работа, ресурси и образование, тоа придонесува за поголема продуктивност и иновација. Родово инклузивните политики значат дека ќе го слушнеме гласот на сите. Дека ќе создадеме систем кој ги препознава различностите, и не ги користи како изговор за исклучување, туку како причина за подобра, пофер и поодржлива иднина,“ посочи Сабриу.

Тој се осврна и на дискриминацијата, која како што нагласи-го јаде општеството! И оттука уште една потврда дека ни требаат родово инклузивни политики.

„Кога зборуваме за дискриминацијата, мора да потенцирамe–таа не се решава сама од себе. Таа се решава со храброст, со свест и со политичка волја. Затоа ако целиме кон напредок, тоа не можеме да го очекуваме доколку значаен дел од популацијата е оставена на маргините,“ порача Сабриу.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }