23.09.2025

Сабриу: Со подржани 23 училишта преку програмата - Суперучилишта, Северна Македонија постави рекорд во однос на останатите пет земји од Западен Балкан   

Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу денеска учествуваше на настанот насловен „Запознајте ги Суперучилиштата во Северна Македонија“ кој се одржа во Европската куќа (Europe house). Настанот имаше за  цел да ја промовира Програмата за размена на суперучилиштата 2025-2026 на Западен Балкан. Денес беше  официјалното отворање на четвртиот циклус на програмата Суперучилишта поддржана од Европската Комисија и Германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ), која се имплементира од RYCO и GIZ.

Во своето обраќање пред присутните државниот секретар Сабриу го карактеризираше настанот како можност да за истакнување на заедничка заложба на чинителите за поддршка на младите и создавање можности за нивниот личен и понатамошен академски развој.

„Оваа година, со особена  гордост можеме да кажеме дека Република Северна Македонија постави рекорд на најголем број  опфатени средни училишта во програмата Суперучилишта во однос на останатите пет земји на Западен Балкан.  Тоа се  23 училишта кои ќе учествуваат во програмата Суперучилишта односно тоа се 23 грантови доделени на средни училишта, чии ученици кои ќе  имаат можност да се стекнат со незаборавно и исклучително искуство. Ова јасно го покажува потенцијалот на нашите млади, нивната креативност, иновативност и посветеност, но и нашата определба како држава и како Министерство за социјална политика, демографија и млади да им обезбедиме алатки и платформа за учење и развој,“ порача Сабриу.

Тој во свое лично име и од име на министерството изрази силна заложба за поддршка на RYCO како партнер кој овозможува отворање на нови можности за младите, промовирање на мир и интеркултурен дијалог меѓу различните заедници и поттикнување на вредности како солидарност, разбирање и иновација.

Упати благодарност до сите вклучени– наставниците, менторите, училиштата и младите кои со својата енергија и посветеност се заслужни за движењето на проектот напред.

На крајот заврши со порака до младите:

„Сега е вашето време! Бидете храбри, пробувајте нови нешта, инспирирајте ги другите и покажете дека младите можат да го менуваат светот. Започнете денес и не застанувајте!“

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }