09.06.2021

Шахпаска: Целосна интеграција на Ромите е наш приоритет, вложуваме во зголемување на нивната вработливост и во социјалното домување

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со раководителот на канцеларијата за Интеграција на Роми 2020 при Советот за регионална соработка, Орхан Усеин и експертот за политики, Александра Бојаџиева при што беше нагласена потребата од продолжување на натамошната соработка, со оглед на тоа што интеграцијата на Ромите е приоритет за Владата на Република Северна Македонија.  

„Министерството за труд и социјална политика интензивно работи на интеграција на Ромите и останатите ранливи категории на граѓани и тоа преку повеќе проекти кои значат директна поддршка за нив. За изградба на социјални станови наменети се 69 милиони евра, потоа во соработка меѓународни партнери обезбедени се 412 илјада евра за проектот за собирање и селектирање на отпад, додека 25 милиони евра за Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување во кој еден од принципите е инклузивност и диверзитет”, нагласи министерката Шахпаска. 

Советот за регионална соработка веќе пет години го спроведува проектот Интеграција на Ромите, поддржан од страна на Европската унија и Фондациjата Отворено општество. 

Целта на овој проект е да се подобри состојбата на ромската заедница и да се премости јазот кој постои помеѓу Ромите и останатото население.  

“Покрај социјалното домување, програмата за формализација на неформалната работа е една од нашите најважни цели. Одлично е тоа што Република Северна Македонија сериозно се вложува во оваа насока, како преку Оперативниот план, така и преку  Мечинг фондовите за претприемништво за Роми”, оцени Орхан Усеин. 

Двајцата соговорници констатираа дека од исклучително значење е да се вложува во развој на дигитални и ИТ вештини кај Ромите, за да можат полесно и побрзо да стигнат до информации за предвидена помош, да се вклучат во бизнис секторот, но и кога би имало можност да ги пренасочат своите бизниси во е-бизниси.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }