03.09.2021

Шахпаска: Ја повикувам локалната власт да се вклучи во обезбедување на услугата помош и нега во домот на стари лица 

Денес министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, го посети Здружението на пензионери во Општина Пехчево. На средбата стана збор за прашања во доменот на висината на пензијата и за начинот на кој таа се усогласува. 

„На пензионерите им пренесов за новиот концепт на децентрализација на социјалните услуги и апелирав локалната самоуправа и источниот плански регион да се вклучат во обезбедувањето на Помош и нега во домот на стари лица. Оваа услуга се врши преку лиценцирани даватели и веќе ја воспоставивме во 19 општини. Услугата е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, поддржан од Светска банка. Ние како Министерство за труд и социјална политика и понатаму остануваме да ги поддржуваме пензионерите, да им обезбедиме здраво стареење и пријатни пензионерски денови“, рече министерката Шахпаска.

Клубот на Пензионери во Пехчево брои околу 1000 членови. Своите активности ги спроведуваат во пензионерското катче кое има  затворен-реновиран дел, и отворен дел за кој очекуваат дека наскоро ќе биде дограден за да им служи во летните денови.

Пензионерите го искажаа своето задоволство за предвременото исплаќање на пензиите, дури и во економска криза, и стабилниот Пензиски фонд во нашата држава.

Пензионерите ја информираа министерката дека над 70% се веќе вакцинирани, што министерката го оцени како многу значајно за периодот кој следува. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }