14.10.2021

Шахпаска: Комплетно го ревидираме Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките 

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска одржа online состанок на кој се разговараше за унапредување и подобрување на исхраната на децата во градинките. На состанокот присуствуваа претставници на Данската администрација за ветеринарство и храна, претставници на Ново Нордиск, претставници на УНИЦЕФ и сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска.  

На иницијатива на Министерството за труд и социјална политика, а во насока на правилен раст и развој кај децата, започнат е процесот на ревидирање на Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките. Овој процес се одвива во соработка со компанијата Ново Нордиск, а истиот е поддржан од УНИЦЕФ. 

Целта на денешниот состанок беше Данската администрација да го сподели своето искуство и водичот за поздрава храна во градинките (Guide til sundere mad i daginstitutionen) кој е направен врз основа на Официјалните упатства за исхрана - добро за здравјето и климата (The Official Dietary Guidelines – good for health and climate), а благодарение на Ново Нордиск, водичот е достапен на македонски јазик.

 „Во процесот на ревидирање на Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките  вклучени се експерти, секој во својата област и придонесот што ќе го дадат во овој дел  верувам дека ќе биде од големо значење. Правилната исхрана на децата во градинките, создавањето на здрави навики уште од најмала возраст е од исклучително значење за понатамошниот здрав и правилен раст и развој кај децата“, рече министерката Шахпаска.

Покрај ревидирање на правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките, предвидена е и едукација на децата, родителите и вработените во градинките со цел обезбедување на поголема грижа и превенција на здравјето додека престојуваат во градинките, но и во секојдневнoто живеење.  

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }