22.04.2021

Шахпаска: Новата градинка во Драчево ќе обезбеди опфат на дополнителни 108 деца во предучилишно образование

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со градоначалникот на Општина Киисела Вода, Филип Темелковски денеска направија увид во градежните активности на новиот објект при ЈОУДГ „8ми Март“, во населеното место Драчево, Општина Кисела Вода.

Министерката Шахпаска истакна дека Министерството за труд и социјална политика продолжува да ги имплементира заложбите кои што се преточени во владината програма, а тоа значи проширување на објектите за сместување на деца од предучилишна возраст.

„ Новиот објект кој е во состав на ЈОУДГ „8ми Март„ ќе  обезбеди место за нови 108 деца. Согласно проектот на новиот објект, предвидени се 6 занимални од кои две се јаслени групи, а останатите се хомогени групи  за деца на возраст од две до шест години. За изградба на оваа градинка министерството за труд и социјална политика издвои 39 милиони денари,“изјави министерката Шахпаска.

Таа информираше дека изградбата на новиот објект треба да заврши во текот на месец Јуни 2021 година, по што ќе се изврши опремување на градинката, чија набавка е во тек. Пуштањето на објектот во употреба се планира да се изврши во месец Август 2021 година.

Градоначаланикот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, посочи дека со изградбата на новиот објект и обезбедување на поголем опфат на деца се решава потребата на жителите од ова населено место, како и дека ова е пример за одличната соработка меѓу централната и локалната власт.

Специфично за овој објект е тоа што  ова е прва градинка  која е изведена со керамичка вентилирачка фасада која има својства за прочистување на воздухот. Исто така овој објект ги задоволува стандардите за енергетска ефикасност .

Министерката информираше дека за само седум месеци отворени се 11 нови градинки и обезбеден е опфат на 670 деца во нив. До крајот на 2021 година ќе бидат отворени уште 13 нови градинки, а со тоа се обезбедува дополнително место за нови 1408 деца.

Истовремено, покрај обезбедување на нови просторни капацитети, како миниситерство сериозно вложуваме и во зајакнување на професионалните компетенции на стручниот кадар во градинките. Затоа што секое дете има право на правилен раст и развој.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->