25.03.2021

Шахпаска: Отворен нов Дневен центар за деца и млади со интелектуална попреченост со капацитет за 24 лица

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворањето на  новиот Дневен центар  за деца и млади со интелектуална попреченост при  Јавната установа Завод за рехабилитација на деца и млади, Општина Бутел -Скопје.

 

Министерката Шахпаска  истакна дека новиот Дневен центар  е целосно реконструиран објект согласно европски стандарди. Во изјава за медиумите таа потенцираше дека во центарот работат стручни лица кои изработуваат индивидуални планови согласно потребите на секој од корисниците на Дневниот центар, но и заеднички активности со цел секој од нив успешно се вклопи во општеството.

„Процесот на деинституционализација не значи само извлекување на корисниците во мали групни домови, тој значи и приближување на социјалните услуги во заедницата. Заедно со нашите европски партнери работиме на план со кој што Заводот за рехабилитација во Топанско поле ќе го транформираме во еден европски современ објект кој ќе понуди лепеза од услуги за корисниците,“ посочи министерката Шахпаска.

Директорот на Ј.У. Завод за рехабилитација на деца и младинци, Фатмир Ејупи информираше дека установата е целосно трансформирана од почетокот на минатата година и своето работење го има усогласенo со новиот Закон за социјална заштита. При тоа, истакна дека работата е организирана во неколку служби кои се состојат од  оддели.

 

Една од тие служби е и Службата за дневно згрижување на корисници во рамки на која работaт три оддели: за прием, дневен престој и индивидуален третман на корисници од 7 – 14 години,за дневно згрижување на корисници од 14-26 години и за дневно згрижување на корисници над 26 години.

„Основна цел на социјалната услуга за дневно згрижување на младите лица  со попреченост во рамки на Одделот за дневно згрижување на корисници од 14-26 години е унапредување на квалитетот на живот на младите лица со попреченост,  директна стручна помош на нивните семејства, како и сензибилизација на заедницата заради разбирање, прифаќање, вреднување и создавање на еднакви можности за сите граѓани на локалната заедница,“ потенцираше директорот Ејупи.

„Општина Бутел е модел за инклузивна општина во која сите се добредојдени.

Градоначалникот истакна дека Општина Бутел  во периодот кој следува планира да спроведе проценка на тоа колку е пристапна општината  за лица со попреченост и други ранливи групи, за да увиди што е тоа што функционира во смисла на инклузија, а што треба да се промени и подобри.

Изминатиов период во Општина Бутел се изгради инклузивно детско игралиште и се  адаптираше и опреми сензорна соба за деца со атипичен развој во градинката „11 Октомври“,во населбата Радишани.

Реконструирањето и опремувањето на новиот Дневен центар со капацитет од 24 корисници е целосно направено со средства на Министерството за труд и социјална политика

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->