13.10.2021

ШахпаскаВо новата инклузивна детска градинка во Кочани ќе бидат згрижени 112 дечиња

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска направи увид во новата инклузивна детска градинка во Кочани, клон на градинката „Павлина Велјанова“. Во шест групи, (две јаслени за деца до две годишна возраст и четири до шестгодишна возраст) ќе бидат згрижени 112 дечиња. Министерката Шахпаска посочи дека една од најзначајните придобивки од новата градинка е што таа нуди згрижување на дечиња со попреченост. Градинката која има приземје и кат, располага со лифт, со две кујни сместени на приземје  и на кат, внатрешно детско игралиште со тобоган кој ги поврзува двете нивоа, како и други содржини (алпинизам, качувалки)  кои на најмалите ќе им овозможат незаборавно и невообичаениот искуство од најрана возраст за корисниците на објектот. Детската градинка има и надворешна занимална, кој по потреба може да биде отворена или затворена зависно од временските услови.

„При денешниот увид се уверивме дека градежните работи на новата градинка се во завршна фаза и дека се почитуваат сите договорени и пропишани стандарди што ќе обезбедат безгрижен и безбеден престој на дечињата во неа. Со сеопфатна социјална реформа која ја спроведуваат Владата и Министерството за труд и социјална политика создаваме услови за правилен и здрав развој на нашите најмлади. Тие се иднината на нашето општество. Вистинската и посветена грижа за нивниот развој е основниот предуслов за иден просперитет на целата заедница и токму затоа овие проекти се од исклучително значење. Тука, во Кочани, се докажа дека упорниот и посветен пристап на Општината и градоначалникот Илијев придонесоа успешно да се реализира овој проект за понатамошен развој и унапредување на животот на кочанчани“, рече Шахпаска.

При увидот на градинката, градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев посочи дека новиот објект има енергетски ефикасна вентилирачка фасада, направена од природни материјали, која преку таканаречена фотокаталитична реакција ги задржува аеро-честичките и со тоа го прочистува воздухот. Со новата детска градинка  која е втора во државата од ваков вид, по онаа изградена во скопската населба Драчево со фасада која создава почиста околина за децата и за соседството на објектот, се намалуваат трошоците за нејзиното работење.

„Денес кога го имаме објектот пред нас, радосни сме што за толку кратко време градинката е реалност. Таа е гордост на Кочани и кочанчани, на МТСП и на сите што учествуваа во нејзината градба. Со овој објект, одговараме на потребите на стотина семејства кои чекаат на згрижување на децата во јавната установа. Ги подобруваме условите и квалитетот во детската заштита“, рече градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.

Градинката е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги и сеопфатната социјалната реформа која ја спроведуваат Владата и Министерството за труд и социјална политика. Целта на Компонента 2 од Проектот за подобрување на социјалните услуги е да го зголеми опфатот и да ги подобри условите за предучилишно згрижување и воспитување во земјата. На општините им се доделуваат грантови за изградба на нови и за проширување или пренамена на постојни објекти во детски градинки и центри за ран детски развој.

Според министерката Шахпаска за зголемување на квалитетот на услугите во градинките се реализираат и обуки за кадарот во градинките и центрите за ран детски развој во насока на за зајакнување на нивните капацитетите. На тој начин, се создаваат подобри основи за имплементација на новите наставни програми. Овие обуки ќе продолжат и во следниот период.

Вкупната инвестиција во градинката изнесува 58,7 милион денари, од кои 52,1 отпаѓа на градежни активности и 6,6 милиони денари за мебел, внатрешно игралиште, опрема за посебни занимални и занаетчиски работи.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }