Шахпаска: Започна со градба Дневниот центар за деца со интелектуална и телесна попреченост и Центарот за сензорна интеграција во о.Гази Баба, се грижиме за најранливите

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска приуствуваше на започнување со градба на Дневен центар за деца со интелектуална и телесна попреченост и Центар за сензорна интеграција во населбата Железара, Општина Гази Баба.

„Грижата за најранливите категории претставува врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика. Процесот на деинституционализација продолжува, преку вадење на корисниците од институциите и нивно згрижување во мали групни домови и згрижувачки семејства, со цел да им се овозможи атмосфера најблиска до семејната. Дополнително, ги децентрализираме социјалните услуги на локално ниво“, истакна министерката Шахпаска.

Таа посочи дека Дневните центри за лица со попреченост се модел како треба да се грижиме за овие лица. Преку обезбедување на услови и програма за заеднички активности на корисниците, но и индивидуални програми, прилагодени на потребите на секој корисник.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски посочи дека новиот Дневен центар ќе работи како регионален центар за згрижување на деца од целиот град, со поддршка на три општини, Гази Баба,Бутел и Илинден. А Центарот за сензорна интеграција е наменет за децата со посебни образовни потреби од детските градинки и основни училишта од општина Гази Баба.

Министерката Шахпаска заедно со градоначалникот Георгиевски ја посетија и детската градинка „Детска радост“, објект Калинка каде во тек е реконструкција на кујната, која согласно проектот го проширува својот капацитет како централна кујна за подготовка на повеќе од 1000 оброци.

Со поддршка на Министерството за труд и социјална политика, објектот Калинка претходно беше проширен со три занимални кои обезбедија капацитет за дополнителни 60 деца, а воедно беше направена и промена на прозорците  на објектот.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->