24.03.2025

Склучен Меморандум за соработка со Фондацијата СИЗИГИЈА за реализација на обуки за лица во ризик со цел  нивно вклучување во социјални претпријатија и креирање на  инклузивни работни места       

Во Министерството за социјална политика демографија и млади се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Министерство и СИЗИГИЈА Скопје - Фондација за создавање екосистеми, иновации и трансфер на знаење за личен и деловен развој.

Со Меморандумот потпишан од министерот Фатмир Лимани и г-ѓа Сузана Трајковска Кочанковска од СИЗИГИЈА, Министерството изразува поддршка во активностите на фондацијата преку проектот „Црн лебед“ -  кој има за цел поддршка на  лица во ризик преку обезбедување на обуки за нивно вклучување во социјални претпријатија и креирање на  инклузивни работни места контекст на социо-економски претпријатија.

Проектот  „Црн лебед“  е финансиран од Министерството за социјална политика, здравје и заштита на потрошувачите на Република Австрија започнат на 25.01.2025 година со период на имплементација од 12 месеци.   

Истиот се реализира во соработка со Impact Hub Aвстрија и Фондацијата СИЗИГИЈА со цел охрабрување на младите жени (15-24 години) кои не се вработени, ниту во образование или обука (NEET), како и лица со попречености, преку обуки, практична работа во фирми и социјални претријатија да ги подобрат своите вештини и можностите за вработување.

Спроведувањето на активностите од проектот „Црн Лебед“ ќе се реализира во Центарот за социјални претпријатија, кој е даден на трајно користење на Министерството за социјална политика, демографија и млади со одлука на Владата на Република Северна Македонија. Реализацијата на активностите е без плаќање на надомест од страна на фондацијата за користење на Центарот. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }