05.12.2022
Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика
Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните, дека согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството.
Доколку, некои од граѓаните/корисници во категориите опфатени со овој закон, не се во списокот, а сметаат дека ги исполнуваат условите можат да поднесат приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка која ја формира министерката за труд и социјална политика, во рок од три дена од датумот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка.
Комисијата, по поднесените приговори одлучува во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на приговорот. Притоа, Комисијата за одобрените приговори доставува известување до подносителот и до институциите, а за одбиените приговори до подносителот. Рокот за приговор е 3 дена, сметано од 06.12.2022 година, заклучно со 09.12.2022 година.
Министерството за труд и социјална политика информира и дека, исплатата на финанасиската поддршка, согласно овој закон, за корисниците на правата од социјалната и детската заштита ќе биде на 12.12.2022 година, а за корисниците на паричен надоместок по основ на невработеност, исплатата ќе биде на 14.12.2022 година. На корисниците на пензија и корисниците на правото на надоместок за телесно оштетување финансиската поддршка за месец декември е исплатена со исплатата на ноемвриската пензија.
Со цел подобра информираност на граѓаните, Министерството за труд и социјална политика потенцира дека исплатата на средствата кои се дел од финансиската поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза се исплаќаат одвоено од редовната месечна исплата на средствата кои произлегуваат од правата од социјална и детска заштита.
Министерството информира и дека списоците се објавуваат согласно член 17, член 18, и член 19 од Законот за заштита на лични податоци, а во врска со член 5 од Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза.
Граѓаните приговорите ги доставуваат по електронски пат или во архивата на Министерството за труд и социјална политика.
Во двата случаи со назнака „До Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка“.
Списоците на другите категории на граѓани и датумот кога ќе бидат исплатени средствата кои се опфатени со Законот за финансиска поддршка на ранливи категории на граѓани, согласно член 5 од законот ги објавуваат :
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија за невработени лица - корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за категориите: корисници на право на пензија во висина до 14.000 денари и корисници на право на надоместок за телесно оштетување.
Корисници на посебен додаток за секое дете посебно
Корисници на право на социјална сигурност на стари лица
Корисници на правото на надоместок заради попреченост
Надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед
Самохрани родители кои се евидентирани како корисници на гарантирана минимална помош