30.09.2024

Средба Лимани–Лудва: Чешка е голем подржувач на земјава во евроинтеграциите и политиките кои се од значење за сите граѓани

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани денеска имаше средба со амбасадорот на Република Чешка Јарослав Лудва, на која што се разговараше за неколку клучни теми, пред се, европските интеграции на Северна Македонија, продлабочување на соработката на билатерален план и активностите на Министерството во првите 100 дена од доаѓањето на Владата на Република Северна Македонија.

Амбасадорот Лудва ја потврди чешката поддршка на евроинтегративниот пат на земјава и воедно упати покана за посета на претставници на Министерството во нивната држава со цел продлабочување на меѓуресорската и билатерална соработка воопшто.

Соговорниците зборуваа на темите родова еднаквост и вклучување на жените и младите лица во креирањето на политиките и учество во сите сегменти на општеството. 

Министерот Лимани истакна дека вклучување на младите и жените во политиката е клучно за непречено одвивање на процесите во државата.

Двете страни искажаа подготвеност за понатамошна тесна соработка во областите кои се под надлежност на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }