02.10.2024

Средба Лимани-Меидани: Албанија и Македонија се пријателски земји, меѓусебната поддршка продолжува 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Албанија во Северна Македонија, Денион Меидани.

На средбата се  разговараше за евроинтегративниот пат на земјава и големото значење на овој посебен и клучен процес за граѓаните и воопшто за нашата држава. Притоа беа посочени и  последиците кои можe да ги  предизвика доцнењето на нашата држава на патот кон ЕУ.

Соговорниците зборуваа и за областите кои ги покрива Министерството, како социјалната заштита, демографијата и младите. При што беа истакнати заложбите за унапредување на состојбите во овие области. 

Министерот Лимани истакна дека во фокус на Mинистерството, периодот кој следува се подобрување на демографската состојба во државата преку политики и мерки кои ќе го овозможат тоа, како и вклучување на младите во креирањето на политиките насочени кон обезбедување на услови и можности за младите да напредуваат во својата земја, а со цел да ги задржиме дома.

Соговорниците искажаа задоволство од средбата и подготвеност за  засилување на билатералната соработка, во насока на реализација на целите за подобрување на животот на граѓаните на двете земји.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }