21.11.2024
Средба Лимани - Рокас: Поддршката на ЕУ во земјава е од суштинско значење за реализација на политиките од кои придобивка имаат сите граѓани
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари средба со Амбасадорот на ЕУ, во Северна Македонија, Михалис Рокас, на која се разговараше за проектите кои во нашата држава се реализираат со поддршка на ЕУ и благодарение на кои нашите граѓани имаат бројни придобивки.
Соговорниците се согласија дека проектите и активностите ќе се сметаат за успешни доколку бидат адресирани онаму каде што се наменети и потребни.
На средбата се разговараше за клучните области кои ги покрива Министерството за социјална политика, демографија и млади, визијата, плановите и можностите за нивна реализација.
Двете страни разговараа за демографските предизвици со кои се соочува Европа и светот, а не е поштедена и нашата држава, политиките и стратегиите на Владата кои се во насока на подобрување на моменталната состојба, политики за младите во насока на нивна мотивација и задржување во својата земја, нивно активно учество во креирањето на политики, успешноста на мерката Гаранција за млади во земјата, како прва држава која не е членка на ЕУ, а успешно ја спроведува, важноста на предучилишното воспитание и образование и напорите за зголемување на опфатот на деца во истото, како и плановите за активацијата на примателите на Гарантирана минимална помош на пазарот на труд.
Од страна на Амбасадорот Рокас беше изразена уште еднаш силна поддршка на земјава на евроинтегративниот пат и што поскоро нејзин влез во европското семејство.
Двете страни изразија задоволство од продуктивноста на денешната средба и искажаа подготвеност за продолжување на соработката во насока на реализација на поставените цели.