Средба на министерката Шахпаска со претставници на Националниот сојуз на слепи лица: Продолжуваме со политиките кои обезбедуваат силна поддршка на слепите лица, како една од најранливте категории на граѓани

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници од Националниот сојуз на слепи лица, на која што разговараа за моменталната состојба во смисла на правата кои ги користат и можностите за нивно унапредување на оваа категорија на лица со попреченост.

„Како ресорно Министерство на кои на врвот на агендата е грижата за најранливите категории на лица, со посебен акцент на лицата со попреченост продолжуваме посветено да работиме на унапредување на правата и услугите и обезбедување на подобри услови за живот на оние на кои тоа им е неопходно. Оттука и нашите заложби за измените во Законот за социјалната  заштита во делот на личната асистенција, односно спуштање на возрасната граница од 18 на 6 годишна возраст, за деца со потешка или најтешка телесна  попреченост како и потполно слепи лица. Ова законско решение е во собраниска процедура и очекуваме  наскоро да го види светлото на денот“, истакна министерката Шахпаска.

Од страна на претставниците на Националниот сојуз на слепи лица беше  поздравено ова законско решение кое што е мошне значајно и за нив како поединци и за нивните семејства. Од нивна страна беше истакнато дека помошта и поддршката кон слепите лица треба да продолжи и да се унапреди во смисла на обезбедување на поголем опфат на помагала кои за нив имаат големо значење во однос на подобро секојдневно функционирање.

Со цел поттикнување, социјално вклучување и еднакви можности, лицата со попреченост односно лицата со тешка или длабока попреченост, лицата со најтешка попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице, се корисници на надоместокот заради попреченост. Исто така, слепите лица користат и права за помош и нега од друго лице.

 

Секоја година врз основа на доставена  Програма од страна на Министерството за труд и социјална политика, изготвена врз основа на поднесени програми и проекти од страна на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, Националниот  сојуз на слепите на Република Северна Македонија (НССРСМ), добива средства од Владата на Република Северна Македонија.

Министерката за труд и социјална политика, изрази уверување дека помошта и поддршката на лицата со попреченост ќе продолжи и понатаму, во насока на обезбедување на подобри услови за живот и нивна вклученост во општествениот живот.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->