20.09.2024

Средба на министерот Лимани со амбасадорот на Италија, Силвестри 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска се сретна со амбасадорот на Република Италија во Република Северна Македонија, Н.Е  Андреа Силвестри.

Во фокусот на средбата беа областите демографија и млади, моменталната состојба и можностите за подобрување на демографската слика во земјава преку креирање на политики и преземање на конкретни акции.

Соговорниците се согласија дека демографијата и задржувањето на младите дома, се предизвици со кои се соочува не само Македонија, туку и многу европски држави, вклучително и Италија.

Од страна на министерот Лимани беше нагласено дека демографијата во една земја се развива  кога социјалниот и економскиот статус на граѓаните е осигуран, како и враќањето на довербата на граѓаните во системот, на што посветено работи оваа Влада.

Соговорниците зборуваа и на темите родова еднаквост, социјална сигурност, пензиски систем, како и можностите за инвестиции во земјава. Во делот инвестиции беше нагласена подготвеноста на двете држави за продлабочување на соработката и влез на нови инвестиции во Република Северна Македонија.

Од страна на амбасадорот Силвестри беше уште еднаш потврдена поддршката на земјава на евроинтегративниот пат и подготвеноста за поддршка во овие процеси.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }