23.07.2024

Средба на министерот Лимани со Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска се сретна со Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити.

На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу министерството и Црвениот крст и  развиените социјални услуги, како што се: помош и нега во домот, лична асистенција, дневен престој за стари лица со активно стареење и други. Истите се достапни за граѓаните на локално ниво, во местото на живеење на корисниците, а за чија реализација министерството има склучени договори за грант.

 

Генералниот секретар, Саити информираше и за останатите проекти на кои работи Црвениот крст, како услугата „Итно копче“, достапна за повозрасните граѓани, за функционирањето на Пунктот за бездомници „Момин поток“, како и други видови на поддршка на ранливите категории на граѓани.

Соговорниците изразија подготвеност за продлабочување на воспоставената соработка, преку проширување на обемот на заедничките проекти, кои ќе бидат во интерес на граѓаните и нивната благосостојба.  


Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }