04.07.2024
Средба на министерот Лимани со косовскиот амбасадор
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани остави средба со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, Н.Е. Флоријан Ќехаја.
![](content/images/2024/juli/ks1.jpg)
На средбата беше договорено да се иницира соработка и реализација на проекти помеѓу двете земји од областа на социјалната политика, заштитата на децата, родовата еднаквост, демографијата и младите.
![](content/images/2024/juli/ks_2.jpg)
Покрај дискусијата за евроинтегративниот процес на двете земји, Лимани и Ќехаја договорија заеднички да ја разгледаат можноста за реализација на проекти за млади, кои ќе овозможат социјална кохезија помеѓу младите од Република Северна Македонија и Република Косово.