22.07.2024

Средба на министерот Лимани со Националниот координатор на МОТ, Крстановски 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска се сретна со Националниот координатор на Меѓународната организација на трудот (МОТ), Емил Крстановски.

На средбата Националниот координатор, Крстановски се осврна на улогата на Меѓународната организација на трудот, чија што членка е и нашата земја, а како таква е обврзана конвенциите донесени на ниво на оваа организација ги ратификува и со тоа тие стануваат дел од националното законодавство.

Соговорниците разговараа за областите кои ги покрива соработката на министерството со МОТ, во делот на  социјалната политика, социјалната сигурност и социјалното осигурување, како и во делот на пензискиот систем и политиките за млади.

Двете страни се согласија за продлабочување на соработката и изразија подготвеност за унапредување на законските решенија, креирање на програми, планови и мерки кои би биле во интерес на граѓаните, на државата.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }