01.04.2025
Средба на министерот Лимани со нашите претставници на Специјалните Олимписки Зимски Игри – Торино 2025
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска се сретна со претставниците од Република Северна Македонија на Специјалните Олимписки Зимски Игри – Торино 2025!
Тој срдечно им честиташе за освоените сребрени медали на Албан Бајрамовски и Фатмире Бајрамоска за трудот, енергијата и посветеноста која ја вложуваат години наназад. Тие се натпреваруваа во категоријата- крос кантри скијање, а се корисници во Јавната установа Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје.
„Горди сме на успехот кој што го постигнавте кој е инспирација за сите нас! Вашиот успех е и наш успех, затоа што вие сте најдобрите претставници на она кое што ние како институции се залагаме и го работиме,“ порача Министерот Лимани.

Ова претставува уште една потврда за позитивните ефекти од деинституционализацијата и осамостојувањето на корисниците/лицата со попреченост во секојдневното функционирање. Инклузивниот пристап дава резултати. Секој е важен!