18.10.2024
Средба на министерот Лимани со претставникот на УНХЦР, Гуалано де Годој
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани оствари средба со претставникот на УНХЦР-Агенција за бегалци на Обединетите нации, г-дин Габриел Гуалано де Годој. Средбата е резултат како дел од заедничките напори за заштита на правата и благосостојбата на бегалците, мигрантите и барателите на азил.
Соговорниците разговараа за зајакнување и подобрување на услугите за бегалците, барателите на азил и мигрантите, за решавање на предизвиците со кои се соочуваат и за поддршката која што е потребна за да се започне нов живот.
Министерот Лимани ја истакна заложбата за продолжување на поддршката на бегалците и барателите на азил кои влегуваат на нашата територија, притоа гарантирајќи заштита, безбедност и поддршка за остварување на правата на оние на кои им е најпотребна на секој чекор од нивното патување.