11.04.2024
Средба на министерот Велковски со советот на згрижувачи од СОС Детско Село
Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска оствари средба со советот на згрижувачи од СОС Детско Село.
Загрижувачка е состојбата во државата бидејќи нема интерес за нови згрижувачки семејства, а се става под знак прашање функционирањето на постојните. Без поддршка од Министерството за труд и социјална политика процесот на деинституционализација нема одржливост - посочија тие.

На средбата беа посочени и на слабостите во системот на социјална заштита и третирањето на згрижувачите од страна на институциите. Згрижувањето на деца треба да се гледа како професионална дејност и треба да се залагаме да се добие соодветно место во системот.
.jpg)
Згрижувачите не се обични луѓе, туку за нив системот треба да даде свој придонес како посебни даватели на услуги – наведе Велковски.
.jpg)
Во иднина заедно како партнери ќе работиме да донесеме посебна методологија за утврдување на надоместок за згрижено дете и надоместок за згрижувачот.
.jpg)
Згрижувањето треба да стане професија со платени придонеси за извршената работа – беше наведено на средбата.
.jpg)
Згрижувачите треба да бидат партнери на министерството во остварувањето на правата на децата.