31.03.2022

Тренчевска: Грижата за ранливите категории граѓани е наша заедничка одговорност, со ГИЗ продолжуваме да работиме на проекти од кои придобивка имаат сите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со Мајкл Самец, тим лидерот на проектите за социјални права за ранливи категории лица и превенција и спречување на трговија со луѓе од Западен Балкан, од Германското друштво за интернационална соработка, (ГИЗ), Светлана Здравковска и Весна Вујовиќ, координатор на ГИЗ за нашата земја. На средбата се разговараше за проекти кои имаат за цел поголема социјална инклузија во општеството. Притоа, акцентот беше ставен на проектот социјално менторство, врз основа на кој неодамна беа доделени сертификати на првите 12 социјални ментори во државата, кои поминаа шестмесечна верификувана едукативна програма.

Министерката го истакна значењето на воспоставувањето на социјалното менторство кое ќе придонесе за надградување и развој на социјални работници, психолози и други профили од општествените науки во ментори за работна интеграција, кои имаат за задача да работат на зајакнување на капацитетите на тешко вработливите лица и им помогнат да излезат на пазарот на труд, а со тоа станат активни чинители во општеството. Притоа, се истакна и улогата на социјалниот ментор во задржување на овие лица на пазарот на труд.

„Потребата од вакви професионалци станува сѐ понеопходна и затоа создаваме услови за развој на социјалното менторство во земјава. Грижата за ранливите категории е наша одговорност и сите политики и активности ни се насочени кон поддршка на овие лица и нивно активирање на пазарот на труд, а со тоа стекнување на сопствена финансиска независност,“ истакна министерката Тренчевска.

На средбата стана збор и за вториот проект на кој работи Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), трговија со луѓе, превенција и социјална инклузија на жртвите.

Двете страни изразија уверување за продолжување на досегашната соработка и продлабочување на истата, истовремено ја потврдија својата посветеност на прашањата од кои произлегуваат директни придобивки за граѓаните, особено ранливите категории.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }