30.03.2022

Тренчевска-Мекачи: Соработката со ОБСЕ во областите на родова еднаквост, поддршката на лицата со попреченост и ранливите категории на граѓани, продолжува

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денес оствари средба со Матео Мекачи, директор на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу ОДИХР иминистерството, со акцент на политиките и активностите во областа на родовата еднаквост, недискриминацијата, унапредување на правата на лицата со попреченост, како и положбата, статусот и правата на Ромите, како ранлива категорија на граѓани.

Тренчевска ја истакна заложбата на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика, во воспоставувањето на целосна родова еднаквост во општеството и во таа насока ја посочи  подготовката на новиот Закон за родова еднаквост, кој се очекува да биде донесен до крајот на оваа година. Притоа, таа информираше и за новата Предлог стратегија за родова еднаквост 2021-2026, која е во собраниска процедура, а со нејзиното усвојување Северна Македонија се насочува кон интегрирање на родовата перспектива во политиките  и сузбивање на стереотипите како што се, насилството кон жените, унапредување на положбата во јавниот и приватниот живот во сите сфери на општественото живеење.


„Со Законот за родова еднаквост, очекуваме подобрување на механизмите за родова еднаквост на национално и на локално ниво, како и ефикасно функционирање на Ресурсниот центар за креирање на  политики и родово одговорно буџетирање, кој го отворивме на почетокот на овој месец. Министерството  продолжува да работи на креирање политики и мерки за вработување кои ќе ја намалат неактивноста на жените на пазарот на трудот, вклучување на жените Ромки, нивна активација и вработување, како и поголема инклузија на лицата со попреченост“, рече Тренчевска. 

Таа се осврна и на претходно донесените законски решенија, како Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој усогласен со меѓународните стандарди и Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, целосно усогласен со Истанбулската конвенција. Исто така ја посочи работата на новиот закон за вработување на лица со попреченост, кој ќе придонесе за зајакнување на овие лица и нивно активно вклучување на пазарот на труд.

Директор на Канцеларијата на ОБСЕ, Матео Мекачи изрази уверување дека досегашната соработка со министерството ќе продолжи и во следниот период, особено во областа на родовите политики, лицата со попреченост и поддршката на лицата од ранливи категории на граѓани.

Министерката Тренчевска потенцираше дека поддршката и соработката со Мисијата на ОБСЕ за  нашата држава е од големо значење, особено во делот на искуствата и експертизата која ја добиваме по многу прашања кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }