02.02.2022

Тренчевска – Митовски: Во Крива Паланка ќе се отвори детска градинка со капацитет за 102 деца

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. На средбата стана збор за проектите кои Министерството и општината заедно ги спроведуваат. Министерката Тренчевска, го информираше Митовски дека и во наредниот период очекува активно да се спроведува Проектот за подобрување на социјалните услуги и сеопфатната социјалната реформа која ја спроведуваат Владата и Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светската банка.

„За брза  реализација на проектите неопходна е успешна соработка на централната и локалната власт бидејќи само така ќе имаме задоволни граѓани. Таква е соработката со општината Крива Паланка, каде во завршна фаза е детската градинка „Детелника“ која очекуваме наскоро да се отвори и да згрижи 102 деца“, рече Тренчевска.

Градоначалникот Митовски, ја информираше министерката Тренчевска, дека Oпштината е заинтересирана на нејзина територија, со поддршка на МТСП, да биде отворена Установа за вон семејна заштита на стари лица.  

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }