24.1.2023

Тренчевска на брифинг со новинари за антикризните мерки и актуелни прашања од социјалната и детската заштита, насилството и работните односи 

Во Клубот на пратеници денеска се одржа Брифинг за новинари, на кој беа отворени повеќе актуелни теми кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика: aнтикризните мерки за најранливите категории на граѓани, зголемувањето на правата од социјална и детска заштита преку усогласувањето со трошоците за живот, развивање на социјалните услуги на локално ниво и обезбедување на нивна одржливост, состојбата со семејното насилство во нашата држава и новините во нацрт законот за работни односи за кој во тек се јавни расправи.

Изминатата 2022 година беа креирани неколку антикризни пакети, како поддршка на најранливите во време на економска и енергетска криза. Во таа насока, беше исплатена финансиска помош за околу 330.000 пензионери од 3000 денари, за три месеци, ваква помош од 3000 денари добија и околу 36.000 корисници на гарантирана минимална помош.

Министерката информираше дека корисниците на гарантирана минимална помош и на правото на социјална сигурност добиваат и надомест за покривање на трошоците за енергенси за месеците во грејна сезона од октомври до март во висина од 1000 денари месечно. Со оваа мерка се опфатени над 45.000 корисници.

Исто така, таа се осврна и на зголемувањето на висината на правата од социјална и детска заштита, кои со усогласувањето со трошоците за живот за месец јануари ќе се зголемат за 14.2%.

Со Законот за финансиска поддршка беа опфатени пензионерите со пензии до 14.000 денари, стечајните работници, и корисниците на права од социјална и детска заштита односно корисници на право на социјална сигурност на стари лица, на посебен додаток, на правото на надоместок заради попреченост, со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед, самохрани родители  кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на надоместок за  телесно оштетување. Оваа помош е предвидена за четири месеци. 

Министерката зборуваше и за развојот на социјалните услуги на локално ниво, како и обезбедување нивна одржливост. Преку Проектот за подобрување на социјалните услуги досега се доделени грантови за 34 проекти кои се спроведуваат во 41 општина. Преку овие проекти услуги ќе добијат околу 1300 корисници, додека шанса за вработување како стручен персонал ќе добијат над 400 лица. Ова е показател кој ја покажува двојната придобивка од социјалната реформа, односно зголемување на опфатот на корисници и достапноста на услуги и вработувањето на лица кои се дел од социјално ранливите групи.

Тренчевска ги информираше новинарите и за состојбата со насилството во државата. Во 2022 година има новоевидентирани 1543 жртви од кои 1074 се жени, 252 мажи и 227 деца, а  во споредба со претходната година бележи намалување од 4.3%. Најголем дел од евидентираните случаи се од скопскиот регион 530 жртви, па  пелагонискиот 241, а најмалку североисточниот 60.  

Новинарите изразија интерес и за новиот предлог закон за работни односи, и новините кои се предвидени со него. Се разговараше за актуелните теми за породилното отсуство, отсуството за мајчинство и татковство, кои со новото решение се предвидува да траат вкупно 13 месеци, односно 5 месеци породилно за мајката, 4 месеци за мајчинство и 4 месеци за татковство, притоа беше нагласено дека овие отсуства ќе бидат платени, а дополнително има можност за неплатено отсуство од по 2 месеци од страна на мајката и таткото.

Промени има и во времетраењето на договорите на определено време и можноста за обновување на истите до три пати. 

Јавните расправи за ова законско решение се во тек, и се организираат на ниво на цела држава, со цел да се слушнат сите заинтересирани страни и да се земат предвид нивните предлози и забелешки, a крајна цел е креирање на квалитетно законско решение. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }