29.03.2022

Тренчевска на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите: За унапредување на родовата еднаквост сите треба активно да се вклучиме
 
За унапредување на родовата еднаквост треба сите активно да придонесуваме, бидејќи е клучна за демократијата и просперитетот на нашето општество, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, пред членовите на собраниската Комисија за  еднакви можности на жените и мажите на чиј дневен ред беше Предлог-стратегијата за родова еднаквост 2021-2026. Целта на Стратегијата  е  да се унапреди родовата еднаквост, во согласност со меѓународните стандарди, препораки и обврски.

„Унапредувањето, заштитата на човековите права, демократијата и владеењето на правото, се главни цели на Владата на Република Северна Македонија. Затоа нашите активности ги насочивме кон постигнување на родова еднаквост во кое жените и мажите, девојчињата и момчињата, имаат еднакви права, пристап до ресурси, можности и заштита во сите сфери на животот, како услов за целокупен и одржлив економски, демографски и социјален развој напредок на земјата. Градиме општество во кое жените и мажите ќе ги имаат истите привилегии и одговорности кои ќе ги остваруваат во вистинско заедничко партнерство“, рече министерката Тренчевска.

Министерката Тренчевска очекува до крајот на годината Законот за родова еднаквост да ја помине собраниската процедура.

„Со Закон за родова еднаквост, очекуваме подобрување на механизмите за родова еднаквост на национално и на локално ниво, како и ефекасно функционирање на Ресурсниот центар за креирање на  политики и родово одговорно буџетирање. Министерството ќе продолжи да работи на креирање политики и мерки за вработување кои ќе ја намалат неактивноста на жените на пазарот на трудот, политики кои го регулираат родителското отсуство, заштита на работното место, флексибилно работно време и работа со скратено работно време и работни места за мајки, како дел од измени и дополнувања на Законот за работни односи“, рече Тренчевска.  

Со донесувањето на Стратегијата, Република Северна Македонија се насочува кон интегрирање на родовата перспектива во политиките и сузбивање на стереотипите како што се, насилството кон жените, унапредување на положбата во јавниот и приватниот живот, образованието, здравството, земјоделието, правдата, социјалната сигурност, животната средина и климатските промени, спортот, културата, медиумите.  ​

При подготовката на Стратегијата која се однесува на периодот од шест години, Министерството за труд и социјална политика ги примени принципите на законитост, јавност, транспарентност, одговорност, отчетност и меѓусекторска соработка.

Националната стратегија за родова еднаквост е основниот стратешки документ на Република Северна Македонија со кој се воспоставува сеопфатна рамка за понатамошни активности во насока на унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на жените.

Предлог-стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 ја помина амандманската расправа и Комисија за  еднакви можности на жените и мажите, ја проследи во понатамошна собраниска процедура.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }