14.02.2022

Тренчевска- Паолучи: Светска банка е наш партнер и голем поддржувач особено во време на Ковид -19, во областа на социјалната и детска заштита 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со директорот на Светска Банка за Северна Македонија, Масимилијано Паолучи.

На средбата се разговараше за имплементацијата на „Проектот за итен одговор на состојбата со КОВИД-19“ во Северна Македонија со цел да се помогне во намалување на локалната трансмисија на КОВИД – 19 и да ја зајакне подготвеноста на земјата во време на пандемија. Како и обезбедување на поголема заштита на граѓаните од пандемија, да се одговори на итните здравствени приоритети и обезбеди социјална помош за најранливите категории на граѓани во земјата.Министерката Тренчевска истакна неколку важни точки кои се опфатени со проектот, како реновирањето на вакциналните пунктови кое е во тек,  обезбедувањето на лекови за Ковид 19, и вакцини за имунизација на граѓаните, обезбедување на дополнителна опрема и можност за пренасочување на средства за ранливите категории на граѓани. Притоа, ја истакна неопходноста  од продолжување на проектот, со цел завршување на започнатите активности, земајќи во предвид дека тој завршува во Јуни 2022 година.

На состанокот се дискутираше и за новата „Стратегија за развој на човечкиот капитал“, како еден од приоритетите на Владата, особено во пост ковид периодот. Беше истакнато дека човечкиот капитал е исклучително важен за секоја земја и вложувањето во  истиот треба да биде одговорност за секоја Влада, затоа што структурните реформи во оваа област се од големо значење. Министерката Тренчевска  истакна дека фокусот на Министерство за труд и социјална политика особено во услови на пандемија се ранливите категории на граѓани.„Социјалната реформа во време на Ковид 19, потврди дека се движиме во вистинска насока во правењето промени во општеството, преку поддршката на ранливите категории на граѓани. Целосното воведување на кејс менаџментот, усогласувањето на систематизацијата во центрите, изработката на индивидуалните планови за корисниците и нивна активација на пазарот на труд, како и поактивна работа на социјалните работници на терен се целите на кои ќе работиме периодот кој следува,“ рече Тренчевска.


На средбата стана збор и за неопходноста од промените во пензискиот систем, односно промена во методологијата за усогласување на пензиите. За што од страна на директорот на Светска банка, беше понудена експертска поддршка, со цел воспоставување на систем, праведен за пензионерите со цел подигнување на нивниот животен стандард.
Министерката ја потенцираше одличната соработка со Светска банка во делот на предучилишното образование и воспитување, социјално ранливите категории, младите лица, но и во поддршката на старите лица преку воспоставувањето на социјалните услуги во заедницата.
Соговорниците изразија уверување дека воспоставената соработка ќе продолжи и во идниот период во областите кои се во надлежност на министерството.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }