20.05.2022

Тренчевска: Потпишани измените и дополнувањето на Колективниот договор со кој се регулира исплатата на плати за време на штрајк

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска потпишаа спогодба за измена и дополнување на Колективниот договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и во дејноста на одмор и рекреација на децата.

Измените и дополнувањата на Колективниот договор ја регулираат исплата на плати и придонеси на работниците во време на штрајк.

Министерката Тренчевска посочи дека социјалниот дијалог е единствен начин за решавање на сите прашања кои ги засегаат граѓаните во нашата држава.

„Социјалниот дијалог е клучен за унапредување на работничките права за што потврдува и денешното потпишување на измените и дополнувањата на Колективниот договор. Вработените во дејноста згрижување и воспитание ќе добијат и пораст на платите за 15%,“рече Тренчевска.

На средбите помеѓу СОНК И МТСП се договори и формирање на работна група со претставници од двете страни, кои ќе работат на новиот Колективен договор за предучилишно воспитание, со оглед дека важноста на досегашниот истекува со месец јуни. Очекувањата се дека до крајот на месец јуни ќе биде подготвен новиот Колективен договор кој ќе значи унапредување на правата на вработените во дејноста згрижување и воспитание.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }