09.05.2022

Тренчевска: Преку развојот на социјалните услуги на локално ниво, услугите ги приближуваме до граѓаните, во нивното место на живеење 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на работилницата „Развој на социјални услуги на регионално ниво“, организирана од Скопскиот плански регион и Програмата за развој на ООН, со цел поттикнување на дискусија и размена на искуства за креирање на успешни социјални планови на локално ниво.

Денешната работилница е седма тематска работилница од вкупно осум организирани во партнерство со сите плански региони.

Во своето поздравно обраќање министерката Тренчевска се осврна на започнатиот процес на Министерството за труд и социјална политика на реформирање на социјалната заштита, со цел реализирање на процесите на деинституционализација, децентрализација и плурализација во доставата на социјални услуги.

Новиот Закон за социјална заштита, во 2019 година донесе значителни новини на правата на парична помош, и тоа во однос на обемот, видовите, износите и критериумите за остварување на правата, како и за прв пат воведување и  класификација на видовите на социјални услуги, начинот, обемот, процедурите и стандардите за обезбедување на социјалните услуги и обезбедување услови за намалена зависност од институционална заштита.

Притоа, општините добија значително поважна улога за стратешко планирање и обезбедување на услуги преку општинските совети за социјална заштита и советите за социјална заштита на планските региони кои се веќе формирани во поголем дел од општините и планските региони.

„Со цел за воспоставување и развојот на социјалните услуги на локално ниво, Министерството за труд и социјална политика реализира  „Проектот за подобрување на социјалните услуги“ со вкупен расположлив фонд од 10,8 милиони евра за периодот 2020-2024 година, обезбеден преку заем од Светската банка. Проектот се очекува да ја зајакне вклученоста на општините во планирањето, развојот и давањето на социјални услуги на локално ниво, преку лиценцирани даватели на услуги. Досега 18  даватели на социјални услуги добија лиценца/дозволата за работа, од кои 15 даватели на услугата за  помош и нега во домот, еден Центар за дневен престој на деца со попреченост, еден за Центар за активно стареење за стари лица и еден за советување. Кај овие даватели на  услугите ангажирани се 126 лица, кои даваат директни услугите за 279 корисници, од кои 189 се жени, “ истакна Тренчевска.

Во 2022 година, финансиската поддршка на новите сервиси, обезбедени од страна на Буџетот на МТСП, продолжи. Склучени се 7 управни договори со здруженија и приватни даватели на социјални услуги за давање на социјални услуги (лична асистенција, живеење со поддршка, третман и рехабилитација на лица кои имаат проблем со зависности и услугата за стручна помош и поддршка).

Министерката потенцираше дека во финална фаза е и Новата Национална програма за развој на социјалната заштита 2022-2032 година, со кој документ се содржани цели, приоритети и правци на развој на социјалната заштита, со мерки и активности на среден и долг рок за остварување на правата на парична помош и социјалните услуги, како и продолжување на започнатите процеси на плурализација, деинституционализација и децентрализација.

„Со поддршка на Швајцарската амбасада, УНДП останува посветен партнер на Министерството за труд и социјална политика во активностите за подобрување на квалитетот на живот на сите, а посебно на оние кои се исклучени од општеството поради сиромаштија, родова дискриминација, невработеност и недостаток на образование,“  истакна Армен Григорјан, Постојан преставник на Програмата за развој на Обединетите нации. 

Со цел поголемо вклучување на локалните самоуправи и регионалните структури во планирањето и испораката на социјалните услуги, на крајот на месец април започнаа интензивни консултации во сите 8 плански региони во државата, кои се реализираат со поддршка на Канцеларијата на УНДП и Швајцарска агенција за развој и соработка (СДЦ) преку проектот „Креирање можности за работа за сите-Главна фаза“.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }