08.03.2022

Тренчевска: Превенцијата е клучен елемент во борбата против родово-базираното насилство

Родово базираното насилство не познава национални или културни граници, тоа е проблем од меѓународни размери. Насилството врз жените претставува еден од најсериозните проблеми на денешницата и затоа кон негово решавање пристапуваме енергично, темелно и одлучно, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, во своето обраќање на зум-презентацијата на извештајот на ОБСЕ, насловен како „Превенција на родово базирано насилство врз жени и девојки со попреченост“.

Министерката Тренечевска посочи дека само со долготрајна активност ќе се обезбедат прифатливи стандарди на однесување и висок цивилизациски степен на комуникација помеѓу мажите и жените. 

„Начинот на кој земјите се справуваат со овој проблем влијае на степенот на уживање на правата на жените. Заложбата  на  Министерството за труд и социјална политика на Република  Северна  Македонија  е  во насока на силен одговор во справување со проблемот на родово базирано насилство врз жени и девојки, а со тоа и врз ранливата категорија на жени и девојки со попреченост. Насилството засновано врз попреченост е поврзано со социјалната стигма и нерамнотежата на моќта помеѓу лицата со и без попреченост. Би сакала да истакнам дека грижата за лицата со попреченост се наш приоритет и дека заеднички се посветуваме на спречување на повеќекратната дискриминација и поттикнување на нивна  инклузија во општеството,“ рече министерката Тренчевска. 


Со ратификацијата на Истанбулската Конвенцијата се отвори и прашањето за унапредување на состојбата и креирање на политиките во делот на превенцијата и заштитата на жените жртви на насилство. Тренчевска посочи дека со новиот Закон за насилство врз жени и семејно насилство, се овозможи сеопфатна политика за борба против насилството врз жените, кои треба да се гледаат како елемент на демократското и транспарентното владеење, засновано на владеење на правото.

„Превенцијата е клучен елемент во борбата против родово-базираното насилство. Прибирањето на податоците и истражувањата ќе помогнат во дизајнирање политики и мерки потребни за заштита и поддршка на жртвите и елиминирање на насилството врз жените и семејното насилство. Континуираното собирање податоци е неопходно и за мерење на успешноста на политиките и потребата од измена и дополнување на одредени закони, политики и сервиси. Податоците треба да се прибираат за сите форми на насилство, како и за влијанието на насилството врз ранливите категории на жени соодветно. Треба да ги почитуваме основните начела на  Законот  за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, недискриминацијата, забраната за виктимизација, поддршка на ранливи жени, соодветно прилагодување за жени со попреченост, родово одговорни политики и зајакнување на жените жртви на насилство“, рече министерката Тренчевска.

Законот исто така предвидува помош,поддршка и рехабилитација,правна и медицинска поддршка, како и процедури за обвинување и гонење на сторителите на лица кои претрпеле  насилство, се  пристапни и за лицата со различни видови попреченост, специфично за жени и девојки. Соработка, обука и мулти секторски пристап, координација помеѓу давателите на услуги и интеграција на службите во систем на соработка со повеќе чинители, за подигнување на свеста за оваа категорија на лица. 

По ратификацијата на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, Министерството за труд и социјална политика со партиципативен пристап  подготви и Акциски план за спроведување на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашно насилство (Истанбулска Конвенција) 2018-2023 година.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }